КРАЛИЦАТА СЕ ПРОСТИ ОД ПРИНЦОТ ФИЛИП СО ЕДНА ОД ОМИЛЕНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ФОТОГРАФИИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Кралицата Елизабета Втора ја сподели една од омилените заеднички фотографии со принцот Филип во пресрет на неговиот погреб. Кралската двојка е снимена како опуштено седи на трева на природна локација во Абердиншајр, а фотографијата е направена од нивната снаа Софи во 2003 година.

Фотографијата е снимена во близина на приватниот имот на кралицата во Балморал, каде што таа и Филип традиционално го поминуваа својот летен одмор.

Елизабета и Филип поминаа во брак повеќе од седум децении. Се венчаа на 20 ноември 1947 година и нивната врска е најдолга во историјата на британското кралско семејство.

Принцот Филип почина на 9 април, два месеца пред 100. роденден. Тој ќе биде погребан денеска во замокот Виндзор, а ќе присуствуваат само 30 луѓе.