КУЛТУРНО ЛЕТО ВО КИСЕЛА ВОДА ЗАПОЧНУВА НА 26 ЈУНИ, ЌЕ ИМА КОНЦЕРТИ И СЕМЕЈНИ ЗАБАВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со концерт на хорот на ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Драчево, утре (26 јуни) во 20 часот започнува манифестацијата Културно лето, која ќе се одржува на неколку локации во Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави богато културно лето под слоганот “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот”.

Утре ќе има и настап на КУД „Китка“ и концерт на проектот „Македонијо, во срце те носиме“.

Следниот ден во паркот „Шопен“ ќе настапи хорот „Вања Лазарова“, а по него „Два бона“ и Пајак. На 28 јуни во паркот „Расадник“ ќе пеат српскиот пејач Ѓорѓе Давид и Андријана Петрушовска.

На 29 јуни ќе се слави роденденот на Општина Кисела Вода со семеен ден и целодневна забавна содржина за деца во Домот на културата „Билјана Беличанец“ .

Манифестацијата завршува на 29 јуни со славенички концерт на групата „Суперхикс“ од 19 часот. На концертот насловен „Суперхикс и пријателите“ гости ќе бидат „Фолтин“, „21 век“, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола и Гоце САФ.

Фото: Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со дел од пејачите кои ќе настапат на Културно лето