Утре (20 октомври) од 20 часот, во Народниот театар во Охрид премиерно ќе се изведе претставата „Кумови“, по текст на српскиот автор Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин.
„Човечкото секојдневие, искушенијата и предизвиците со кои се соочува поединецот во животниот вител на овие простори и неизвесноста пред која е исправен, тоа се темите што ги третира најновата драмска поставка ‘Кумови’“, велат од Охридскиот театар.
Во претставата играат Адријана Билаловиќ-Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска-Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска-Петреска, сценографијата на Татјана Христоска-Блажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа.