ЛЕБРОН ЏЕЈМС ЌЕ ИГРА ЗА ЛЕЈКЕРС ДО 2023 КОГА НЕГОВИОТ СИН БИ МОЖЕЛ ДА ДЕБИТИРА ВО НБА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)
LeBron James, left, poses with his son Bronny after Sierra Canyon beat Akron St. Vincent - St. Mary in a high school basketball game, Saturday, Dec. 14, 2019, in Columbus, Ohio. (AP Photo/Jay LaPrete) ORG XMIT: OHJL119

Леброн Џејмс потпиша двегодишно продолжување на договорот со Лос Анџелес лејкерс, вредно 85 милиони долари, два месеца откако го предводеше до првата шампионска титула по десет години пауза. На крајот на договорот со Лејкерс, Џејмс ќе стигне до заработката од 435 милиони долари во својата кариера.

Триесет и петгодишниот Џејмс ќе стане слободен играч истата година кога неговиот син Брони би можел да се здобие со право да влезе во НБА лигата, веднаш откако ќе матурира.

„Сакате да знаете што би било најголемото постигнување во мојот живот? Тоа е да бидам на ист терен со син ми во НБА. Размислував за тоа, затоа што тој има 16 години и би можел да влезе во НБА малку порано“, изјави Џејмс неодамна.

Брони Џејмс е член на кошаркарската екипа на приватното средно училиште „Сиера кенјон“ во Лос Анџелес, кој, како и татко му своевремено, отскокнува со своите физички предиспозиции за своја возраст. Моментално е висок 190 сантиметри и може да игра на повеќе позиции.