Брони Џејмс беше избран од Лос Анџелес Лејкерс во втората рунда на НБА-драфтот, со што би можела да се исполни желбата на неговиот славен татко Леброн да играат заедно. Деветнаесетгодишниот Брони и 39-годишниот Леброн Џејмс ќе бидат првото дуо татко-син во лигата во исто време и во ист тим.
„Семеен бизнис“, објави ЛА Лејкерс под фотографиите на Брони и Леброн Џејмс на Икс.
Леброн имаше 19 години и тукушто беше прогласен за дебитант на годината во НБА кога неговата сегашна сопруга Савана го роди Леброн Рејмон Џејмс Џуниор во 2004. Брони привлече огромен интерес како средношколски играч и потоа му се придружи помладиот брат Брајс, кој сега има 17 години.
Сепак, минатото лето, Брони доживеа срцев удар на тренинг и беше сместен на интензивна нега. Неколку месеци подоцна му беше дозволено да се врати на терен и во својата последна сезона во колеџ кошарката имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенција по меч.
Леброн Џејмс ќе наполни 40 години во декември, кога ќе ја игра 22. сезона во НБА-лигата.
(Фото: Гети)