ЛЕДИ ГАГА ПО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ЈА РАСКИНА СВРШУВАЧКАТА

Лос Анџелес, (АП)

Леди Гага ја раскина свршувачката со агентот за таленти Кристијан Карино по само четири месеци. Портпаролот на поп ѕвездата ја потврди веста за АП, без да даде повеќе детали.

Гага (32) и Карино (49) беа во врска од 2017. Таа претходно беше свршена со актерот Тејлор Кини.

На Гага ѝ претстои бурен викенд и доаѓа со две номинации на Оскарите в недела. Таа е номинирана за најдобра актерка во „Ѕвезда е родена“ и за најдобра оригинална песна, „Плитко“, која веќе ѝ донесе Греми и Златен глобус.