ЛЕГАЛИЗИРАЊЕТО НА МАРИХУАНАТА Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ ВО ИСТОРИЈАТА, ВЕЛИ ЕЛТОН ЏОН

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Елтон Џон смета дека легализирањето на марихуаната е една од најголемите грешки во историјата. Во интервјуто за магазинот „Тајм“, кој го прогласи за Икона на годината, британскиот пејач го даде своето мислење за легализирањето на марихуаната во Канада и во делови од САД.

И натаму мислам дека е зависна и води кон други дроги. А, кога си надуван, а јас сум бил, не размислуваш нормално. Така што, легализирањето на марихуаната во Америка и Канада е една од најголемите грешки во историјата“, кажа Џон.

Тој никогаш не криеше дека многу се дрогирал во првата фаза од кариерата во 1970-тите, но веќе долги години не консумира ништо и познато е дека им помагал на други музичари да се исчистат.

Тој е спонзор на Еминем и го организираше првото одење на рехабилитација за Роби Вилијамс“, потсети „Тајм“.

Џон и денес жали што не успеал да му помогне на Џорџ Мајкл, кој почина на 53 години во 2016.

Тешко е да му кажеш на некого дека е шу*ак и тешко е да го слушнеш тоа. На крајот, јас одлучив да признам дека сум шу*ак“, кажа Џон за обидот да му помогне на Мајкл.