ЛУКА МОДРИЌ СТАНА НАЈВОЗРАСНИОТ ИГРАЧ ВО ИСТОРИЈАТА НА РЕАЛ МАДРИД

Мадрид, (Би-Би-Си)

Лука Модриќ собори уште еден рекорд на Реал Мадрид откако стана најстариот играч кој заиграл за клубот. Хрватскиот репрезентативец го почна мечот против Селта како резерва и откако влезе во игра во 63. минута, веднаш му асистираше на Винисиус за водство на Реал од 2:1.

Модриќ играше на возраст од 39 години и 41 ден, со што го собори рекордот на легендарниот Ференц Пушкаш од 1966.

Модриќ дојде во Реал од Тотенхем во 2012, само две недели пред да наполни 27 години. Оттогаш освои 27 титули, со што е и најтрофејниот играч во историјата на „кралскиот клуб“.

Никогаш не сум можел да замислам дека ќе го постигнам сето ова, дека ќе бидам овдека толку многу години“, кажа Модриќ по освојувањето на Лигата на шампионите во јуни.

Тренерот Карло Анчелоти го опиша Модриќ како врвен професионалец и одлично момче.

Задоволство е да се тренира Лука, да се работи со него. Го заслужи сето она што го постигна“, кажа Анчелоти.

(Фото: ЕПА)