МАЈЛИ САЈРУС И ЛИЈАМ ХЕМСВОРТ СЕ ВЕНЧАА ПО 10-ГОДИШНА ВРСКА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Американската поп ѕвезда Мајли Сајрус потврди дека се венчала со долгогодишното момче, австралискиот актер Лијам Хемсворт.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии од интимната церемонија, која се одржала во неделата на нејзиниот имот во Френклин, Тенеси.

Двојката се запознала пред речиси една деценија на снимањето на филмот „Последната песна“. Се свршија во 2012, но следната година раскинаа. Се смирија во 2015 година и потоа повторно ја објавија свршувачката.

Минатиот месец, нивната куќа изгоре во пожарите во Калифорнија.