МАНЧЕСТЕР СИТИ ПОТВРДИ ДЕКА КАПИТЕНОТ ГУНДОГАН ОДИ ВО БАРСЕЛОНА

Манчестер, (Би-Би-Си)

Манчестер сити потврди дека неговиот досегашен капитен Илкај Гундоган ќе го напушти клубот како слободен играч. На 32-годишниот Германец му бил понуден нов договор, но тој инсистирал на трансфер во Барселона, со која ќе потпише двегодишен договор.

„Беше привилегија и задоволство да се игра за Сити. Манчестер беше мој дом и во клубот се чувствував како дел од многу посебно семејство. Доживеав стотици незаборавни моменти овдека“, кажа тој.

Гундоган постигна 11 гола на 51 натпревар оваа сезона и беше еден од клучните играчи во освојувањето на тројната круна, што ја вклучува и првата титула во Лигата на шампионите во историјата на клубот. Тој пристигна од Борусија Дортмунд во 2016, како првиот играч кого го доведе Пеп Гвардиола.

На 304 мечеви постигна 60 голови и освои 12 титули, од кои пет во Премиерлигата.

Местото на Гундоган во средниот ред ќе го заземе Матео Ковачиќ, за кого Сити плати 30 милиони фунти.