МЕГАН МАРКЛ И БИЛИ АЈЛИШ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ДА ИЗНЕНАДАТ ТИНЕЈЏЕРКА КОЈА ГО ИЗГУБИЛА ДОМОТ ВО ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

САД, (Пипл)

Меган Маркл и Били Ајлиш се здружија за да ѝ помогнат на тинејџерка која изгубила сѐ во неодамнешните пожари во Лос Анџелес.

Војвотката од Сасекс (43), која е родена и израснала во Лос Анџелес, а сега живее во Монтесито, кажа дека пред две недели со нејзиниот сопруг, принцот Хари (40), биле во Алтадена, Калифорнија и посетиле „заедница каде што сите домови биле претворени во пепел“.

Многумина жители на Алтадена ги изгубија своите домови во пожарот Итон, еден од најголемите што ја опустошија областа на Лос Анџелес на почетокот на јануари. Меган рече дека запознала жена која со нејзината 15-годишна ќерка ја испитувала штетата на нивниот дом.

Били Ајлиш (Фото: Гети)

„Додека зборував со неа, се свртев и ја видов оваа млада жена“, рече Меган, мислејќи на тинејџерката.

„Нејзината мајка рече дека кога се вратиле да ја видат нивната куќа по пожарот, сè што барала ќерка ѝ била маицата од концертот на Били Ајлиш“, продолжи Маркл.

Војвотката од Сасекс рекла дека лично не ја познава Ајлиш, но одлучила да ѝ помогне на девојката.

„Не ја познавам Били Ајлиш. Но, ќе најдам начин како да ја набавам оваа маица. Помислив на сите кои ги познавам и им испратив гласовна порака: ‘Ве молам, може ли некој да ја препрати оваа порака до Били Ајлиш?‘“, рече Маркл.

Меган потоа на Инстаграм го покажа она што го испратила Ајлиш: дуксери, маици и други сувенири потпишани за девојката која ѝ е голем фан.