МЕМОАРИТЕ НА ПРИНС ЌЕ ИЗЛЕЗАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

Лондон, (Индипендент)

Mемоарите на Принс конечно излегуваат кон крајот на 2018 година.

Принс на својот издавач му доставил само 50 страници од книгата насловена „Убавецот“ пред неговата смрт во 2016 година. Тој работел на книгата заедно со Ден Пајпенбринг, вели издавачкиот агент Естер Њубург.

По смртта на Принс, Њубург ја продолжил работата на мемоарите, мислејќи дека ќе излезат околу Божиќ и Нова година.

Бидејќи музичарот рачно ги пишувал страниците, можно е нивните репродукции да бидат објавени во книгата.

Во првичната најава, „Убавецот“ беше опишана како „неконвенционално и поетско патување низ животот на Принс и неговото творештво“.

Минатиот август, Бијонсе го напиша предговорот за биографијата на Принс, насловена „Принс: Приватен поглед“.