Кралицата Елизабета Втора денеска наполни 92 години, а роденденот ќе го прослави со концерт на којшто ќе настапат големи поп-ѕвезди.

Насловен како „Роденденска забава на кралицата“, на концертот во „Ројал Алберт хол“ во Лондон ќе настапат имиња како Стинг, Том Џонс, Кајли Миног, Шеги и Крег Дејвид.

Елизабета, најдолговечниот жив монарх на светот, ќе биде во публиката со останати членови на кралското семејство.

Британската кралица инаку слави два родендени секоја година. Вистинскиот, на 21 април, вообичаено го одбележува приватно, во кругот на семејството, додека нејзиниот „официјален“ роденден е во лето. Тој вообичаено се паѓа во втората сабота во јуни, кога таа се придружува на воена парада во централен Лондон.

Нејзиниот сопруг принцот Филип, пак, ќе наполни 96 години на 10 јуни.