МИК ЏЕГЕР НАПОЛНИ 80 ГОДИНИ И СÈ УШТЕ Е ИСТИОТ ЕНЕРГИЧЕН ШОУМЕН

Лондон, (АФП)
(L-R) Ronnie Wood, Mick Jagger and Keith Richards of British rock band the Rolling Stones perform on stage at the Ernst-Happel-Stadion in Vienna, Austria on July 15, 2022. (Photo by HANS KLAUS TECHT / APA / AFP) / Austria OUT

Мик Џегер своевремено пееше „гњавење е да се биде стар“, но најстарата британска рок ѕвезда не покажува знаци на запирање, иако денеска наполни 80 години. Фронтменот на „Ролинг стоунс“ сѐ уште трча и скока во преполните сали и стадиони, како што беше случај и на неодамнешната европска турнеја, со која се славеше 60 години на групата.

Иконата на контракултурата од 1960-ите имаше операција на срцето во 2019, но со режимот кој комбинира трчање, кик-бокс, велосипедизам и јога ги одржува витката линија и долговечноста на енергичен шоумен.

Во чест на покојниот тапанар Чарли Вотс, „Ролинг стоунс“ планира да објави нов албум подоцна оваа година, прв со оригинален материјал од 2005.

Покрај тоа што „Ролинг стоунс“ придонесе за културната и општествената експлозија во 1960-ите, харизматичниот фронтмен максимално ја искористи таа ера на сексуална револуција и послободно користење дроги.

Мајкл Филип Џегер е роден на 26 јули 1943 во семејство од средна класа и почнал да свири со пријателот од детството Кит Ричардс уште во 1960. Со објавувањето на песната „(I Can’t Get No) Satisfaction“ во 1965 започна неверојатниот успех на групата, која опстана низ сите наредни децении.

Џегер денес располага со богатство од 310 милиони фунти и одамна не важи за субверзивна личност. Во 2002 стана сер Мик, а оваа година го доби осмото дете.

(Фото: АФП)