МИНА, ЌЕРКАТА НА ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА ЈА ИЗНЕНАДИ МАЈКА СИ НА ПРЕМИЕРАТА НА ПРЕТСТАВАТА „БОГ НА КОЛЕЖОТ“ КОЈА ЗБОРУВА ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Мина, ќерката на актерката Весна Петрушевска која живее и работи во Дубаи, со цвеќе ја изненади мајка си на премиерата на претставата „Бог на колежот“, сношти (24 декември) во Македонскиот народен театар (МНТ).

Претставата, по текстот на француската драмска писателка Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска, симболично почнува со сцена од врсничко насилство во која играат деца од актерската школа на Весна Петрушевска.

Дарја Ризова и Симеон Мони Дамевски (Фото: МНТ)

Во медиумите и на социјалнирте мрежи, Петрушевска неколку години зборува за овој проблем, споменувајќи ја и ќерка си Мина како жртва на врсничко насилство.

Ѓорѓи Јолевски и Наталија Теодосиева ja играат едната брачна двојка (Фото: МНТ)

Двете брачни двојки кои се среќаваат за да го решат конфликтот помеѓу нивните деца ги играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева.

Актерката Сашка Димитровска (Фото: К. Попов)

Тепачката помеѓу децата станува споредна откако на површина ќе излезат нивните брачни проблеми. Актерите добија неколку аплаузи за време на репликите и монолозите во претставата, а публиката на нозе ја испрати целата екипа со долг аплауз.

Сашко Коцев со сопругата Смиљана Бундовска (Фото: К. Попов)

 

Актерката Амернис Нокшиќи (Фото: К. Попов)

Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, сценограф е Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери. Завршува со песната „Пепел и мрак” која ја пее и ја напиша Игор Џамбазов.

Игор Џамбазов ја напиша песната за претставата, „Пепел и мрак“, со актерката Драгана Левенска (Фото: К. Попов)

„Оваа копродукциска претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути, за време на што публиката е учесник во арената“, рекоа  од МНТ.

Актерката Ана Стојановска (Фото: К. Попов)

Првата реприза е закажана за вечерва, (25 декември).

М. ЏАРОВСКА