Брајан Меј откри дека „бил многу блиску до смртта“ откако овој месец бил примен во болница по срцев удар.
Седумдесет и двегодишниот гитарист на „Квин“ вели дека бил шокиран кога дознал дека мора да оди на операција по она што го опиша како „мал срцев удар“.
„Мислев дека сум многу здрав човек, но излезе дека имам три блокирани артерии, што можело да го прекине дотокот на кислородот до срцето“, изјави Меј.
Тој кажа дека во болница му биле вградени три стента и дека сега е здрав.
„Од болницата излегов со силно срце, па мислам дека ќе бидам добар некое време. Моето искуство нека им биде опомена на други луѓе кои се во свои ‘есенски‘ години. Јас би се проверил да сум на ваше место“, кажа Меј.