Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Бели ноќи“ денеска (7 ноември) ќе гостува во Народниот театар во Битола во чест на 80-годишнината од неговото формирање.
Претставата „Бели ноќи“ е работена според делото на Достоевски, во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Сценограф е Мартин Манев, костимографка е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Премиерата беше на 17 октомври на Малата сцена во МНТ.
Фото: К. Галевски