В четврток (11 април) во Кинотеката на Македонија ќе се одржи мултимедијалниот настан „Танец во фокусот“, кој е дел од прославата на 75-годишнината од основањето на НУ „Танец“.
На настанот ќе има проекции, осврти, презентации, дебата, ревијални и музички перформанси, кои во својот фокус го имаат „Танец“, еден од највлијателните и најинспиративни ансамбли во целокупната култура кај нас и во светот. Сите учесници низ сопствена перспектива ќе зборуваат за „Танец“.
Настанот се организира во соработка со Кинотеката, а влезот е слободен.