АДЕЛ НАЈАВИ ПАУЗА ОД МУЗИКАТА ЗА ДА СЕ ПОСВЕТИ НА СВОЈОТ НОВ ЖИВОТ

Лондон, (Скај)

Пејачката Адел, која ја објави свршувачката со американскиот спортски агент Рич Пол, им кажа на обожавателите дека гради нов живот и дека ќе направи пауза од музиката „за да го живее моментот сега“.

По завршувањето на последниот концерт од нејзината европска турнеја во Минхен, Адел им порача на своите обожаватели дека нема да ги гледа „неверојатно долго време“, Триесет и шестгодишната британска пејачка кажа дека ѝ треба одмор и дека сака да го живее нејзиниот нов живот што го градела.

На концертите во Германија таа вкупно продаде над 730.000 билети.

„Ми останаа уште 10 концерти во Лас Вегас и после тоа нема да се видиме долго“, рече пејачката.