Пари, успех, моќ, убавина. Често изгледа како славните да имаат сè што би можеле да посакаат, но е така во пракса.
Би-Би-Си направи избор на некои од најголемите падови и неуспеси на славните во 2024 година.
Камбекот на Кејти Пери требаше да биде триумфално враќање, но критичарите и обожавателите се пожалија дека последниот албум на Пери „143“ звучел застарено и покажал малку уметнички раст.
Работите само се влошија кога пејачката го привлече вниманието на шпанската влада за снимањето на спот синглот во еколошки чувствителни песочни дини на Балеарските Острови. Но, многу фанови го бранеа албумот, кој не беше толку лош како што кажаа некои критики, а придружната турнеја на Пери беше огромен успех.
Свеченото отворање на Олимпијадата
За жал, неверојатната изведба на Селин Дион не беше доволна за да се спаси церемонијата на отворање, која беше попречена од дождот. Организаторите го преместија настанот надвор од традиционалниот амбиент на стадионот и наместо тоа, учесниците беа распоредени низ Париз, што беше и безбедносен кошмар и предизвик за гледачите.
Евровизија
Овогодинешниот избор за песна на Евровизија според Би-Би-Си беше катастрофа од почеток до крај. Расправијата за учеството на Израел предизвика загриженост за безбедноста, ги стави сите учесници во непријатна позиција, па дури доведе до исвиркување на шефот на Евровизија за време на финалето. Холандскиот пејач Јост Клајн беше дисквалификуван во последен момент по обвинението за заплашување поднесено до шведската полиција од жена-членка на продукциската екипа.
Победникот Немо дури и случајно го скрши трофејот на Евровизија откако го постави на сцената, оставајќи го швајцарскиот учесник со завои откако се здоби со длабоки исеченици на палецот. Градот домаќин Малме рече дека ќе одбијат повторно да го организираат настанот ако победи Шведска, велејќи дека нема да имаат „сила и издржливост“.
Инвазија на сцената на „Опенхајмер“
Кога Опенхајмер беше прогласен за најдобар филм на февруарските награди Бафта, наградата ја земаа актерот Силијан Марфи, режисерот Кристофер Нолан, продуцентката Ема Томас и случаен човек кој тивко стои во позадина.
Натрапникот всушност бил Јутјубер Лизвани, кој успеал да се пикне на настанот и да стаса до сцената во најважниот момент. Но, фактот што тој стоеше тивко и со почит значеше дека малкумина гледачи забележале дека нешто не е во ред. Оттогаш, Бафта ги зајакна безбедносните мерки.
Еден месец подоцна, имаше повеќе непријатности кога „Опенхајмер“ беше прогласен за најдобар филм на Оскарите, во најавата што ја прокоцка Ал Пачино. Пачино ја испушти традиционалната реченица „И Оскарот оди кај..“
Имаше задоцнета реакција од публиката и оркестарот, кои не беа сосема сигурни дали Пачино завршил и дали правилно го слушнале името на победникот.
Неволји на турнеите
Турнеите и концертите во живо беа прекинати оваа година од секакви причини. Џенифер Лопез ги откажа своите концерти по извештаите за слаба продажба на билети, иако рече дека тоа е така за да може да поминува време со семејството и пријателите.
А, обожавателите на Мадона се фрустрираа поради нејзиното доцнење. Адел пак опцу еден човек во публиката на концертот во Лас Вегас за кој мислеше дека извикувал „гордоста е чини“. Се испостави дека обожавателот всушност извикувал „работата не чини“.