„АЕРОСМИТ“ ЌЕ ЈА ОДРЖИ ОДЛОЖЕНАТА ПРОШТАЛНА ТУРНЕЈА ОТКАКО СТИВЕН ТАЈЛЕР ОБЈАВИ ДЕКА ОЗДРАВЕЛ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Речиси седум месеци откако беа принудени да ја одложат својата проштална турнеја, „Аеросмит“ се враќа со концерти оваа есен. Рокерите кажаа дека се воодушевени што ги објавуваат презакажаните датуми од турнејата.

Таа ќе започне во Питсбург на 20 септември и ќе трае до 26 февруари следната година, кога ќе го имаат својот последен настап во Бафало, Њујорк.

Во септември лани, бендот објави дека пејачот Стивен Тајлер има оштетување на гласните жици.

„За жал, повредата на Стивен е посериозна отколку што првично се мислеше. Неговиот лекар потврди дека покрај оштетувањето на гласните жици, Стивен има и фрактура на гркланот, за што е потребна постојана нега“, соопшти тогаш бендот.

Презакажаната турнеја со 40 датуми е опишана како прослава на 50 години на бендот и негово збогување со публиката.

(Фото: Гети)