Американската актерка номинирана за Оскар Вера Фармига ќе објави деби албум со својот психоделичен метал бенд „Јагас“ (The Yagas), каде што е пејачка. Албумот насловен „Midnight Minuet“ ќе излезе на 25 април, од кој веќе се објавени три песни на стриминг платформите.
Фармига веќе неколку години е активна во музиката и досега снимаше преработки на метал хитови од бендови како „Ајрон Мејдн“, „Блек Сабат“ и „Слипнот“. „Јагас“ е нејзиниот прв обид за издавање оригинална музика.
Фармига, која се прослави со хоророт „Повикување“, беше номинирана за Оскар за најдобра споредна улога за „Горе во воздухот“ во 2010.