Александар Тодороски ја освои првата награда на 36. Макфест на своето прво учество на фестивалот. Тој прво настапи на првата полуфинална вечер, кога беше прворангиран и се пласираше за финалната вечер.
Тодороски доби 5.000 евра за композицијата „Под исто небо“, за која музиката и текстот ги напиша најзастапениот музичар на Макфест, Ристо Самарџиев.
Тодороски го почнал своето музичко образование во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“, а сега студира класична гитара на Факултетот за музичка уметност во Штип.
Втората награда од 3.000 евра ја освои Мартинијан Ќириловски за композицијата „Вистина“, а третата награда од 1.000 евра ѝ припадна на дебитантката Марија Данева за песната „Твоја“. Утешните награди од 500 евра ги добија Александра Јанева за најдобар аранжман, Лара за најдобра изведба, Калина Велковска за најдобср дебитант и Данева за најдобар сценски настап.
Т. ЈОВАНОВСКИ