АМЕРИКАНСКИОТ РАПЕР ЛИЛ ПАМП ДОАЃА НА Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американскиот рапер Лил Памп ќе настапи на 14. издание на Д фестивал, што ќе се одржи од 28 до 30 јуни.

Дваесет и тригодишниот Лил Памп, чие вистинско име е Гази Пабло Гарсија, е една од ѕвездите на новиот бран на американскиот рап, чиј прв албум од 2017 година стигна до третото место на топ-листата на Билборд. Досега има издадено три албуми, на кои што соработуваше со имиња како Кање Вест, Офсет, Лил Вејн и Тај Дола Сајн.

По малку карактеристично за неговата генерација рапери, и Лил Памп го следат контроверзи, што вклучува и бројни проблеми со законот.