АНА ПЕТАН И МАРТИНИЈАН КИРИЛОВСКИ НА ФЕСТИВАЛ ВО ТИВАТ, ЌЕ ПЕАТ ПЕСНИ ОД ЕЛЕНА РИСТЕСКА И ОД ГРИГОР КОПРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младите макдонски пејачи Ана Петан и Мартинијан Кириловсски ќе пеат на фестивалот „Бисер на Јадранот“ кој ќе се одржи на 29 јуни, во Тиват, Црна Гора.

Меѓу авторите се Елена Ристеска и Ненад Тодоровски, за песната на Мартинијан Кириловски „Змеј“ и Григор Копров и Стефан Петановски, за песната на Ана Петан „Љубовта секогаш победува“.

Мартинијан Кириловски (Фото: Фејсбук)

Изборната комисија на фестивалот ја сочинуваат: Слободан Бучевац (директор на фестивалот „Сунчане скале“), Григор Копров (директор на „Охрид фест“), текстописецот Фахрудин Пецикоза кој пишува текстови за Хари Мата Хари, Борис Новковиќ, Сања Долежал и други.

На фестивалот ќе настапат 22 пејачи од Црна Гора, Србија, Хрватска и од Македонија.