Македонската претставничка Андреа ќе настапи на втората полуфинална вечер на годинашната Евровизија во Торино, што е на програмата на 12 мај. Таа ќе излезе на сцената како 11. по ред од вкупно 18 учесници.
Дел од второто полуфинале ќе бидат и Србија, Црна Гора, Ирска, Австралија и Шведска.
Првото полуфинале е на 10 мај, а доколку влезе во финалето, Андреа повторно ќе ја изведе својата песна „Кругови“ (Circles) на 14 мај.