„АПОКАЛИПТИКА“ ЌЕ СВИРИ „МЕТАЛИКА“ НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ ВО НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Спектакуларниот фински инструментален бенд „Апокалиптика“ третпат доаѓа во Македонија, овојпат како најава на 26. издание на фестивалот Таксират. Концертот ќе се одржи на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“, кога триото виолончелисти ќе свири хитови на „Металика“ во свој уникатен стил.

„Апокалиптика“ е основана во 1993 година од студенти на музичката академија „Сибелиус“ во Хелсинки. Првиот албум, кој содржеше обработки на осум песни од „Металика“, го објави три години подоцна и оваа комбинација на класична и метал музика ја претвори групата во светска атракција.

„Апокалиптика“ зад себе има девет студиски албуми, последниот од 2020 и одамна го надмина статусот на кавер бенд. Сепак, на оваа турнеја им се враќа на своите почетоци, па на репертоарот се песните на најголемиот метал бенд на сите времиња.

Влезниците за концертот во Скопје ќе бидат во продажба од петок (23 февруари).

(Фото: Фејсбук)