Поп-панк пејачката Аврил Лавињ ја објави првата нова песна после пет години, откако откри дека боледува од лајмска болест, од која стравувала дека ќе умре.
Триесет и тригодишната канадска пејачка и гитаристка најави дека на 19 септември ќе ја објави песната од новиот албум, за чие излегување сѐ уште нема точен датум.
Во писмото до фановите, кое го објави на нејзината официјална страница, стои дека песната „Глава над вода“ ја отсликува нејзината борба и дека ја напишала додека била врзана за кревет.
„Ја прифатив смртта и можев да почувстувам како моето тело се гасне. Се чувствував како да се давам. Како да сум под вода и морав да излезам на воздух“, напиша таа.
Лавињ ги опиша последните неколку години од нејзиниот живот како најтешки и додава: „Ја насочив борбата кон музиката и многу сум горда на тоа“.
Музичарката сака да ја подигне свеста за лајмската болест, инфективно заболување предизвикано од крлеж, кое може да предизивика од страшни главоболки до неспособност за движење и затоа ќе формира фондација.
Нејзиниот последен албум, именуван по неа, излезе во 2013 година.