БЕЛГИСКИОТ ТРИП ХОП БЕНД „ХУВЕРФОНИК“ НА 29 МАРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Белгискиот трип хоп бенд „Хуверфоник“ на 29 март ќе настапи во Македонската филхармонија, во рамките на нивната балканска турнеја. Концертите во Скопје, Белград, Загреб и во Софија ги организира „Авалон продукција“.

Бендот, основан во 1995 година, зад себе има осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија.

„Кон средината на ноември, бендот го објави албумот ‘Во потрага по ѕвезди’, кој содржи 11 нумери. Групата на него експериментира со повеќе музички жанрови, но, сепак, останува верна на трип хопот, чија основа превладува на целиот албум, кој наиде на одлични критики кај музичките рецензенти“, велат од „Авалон“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре.