Италијанскиот дет метал бенд „Hideous Divinity“ (фото) ја предводи листата учесници на првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“, што ќе се одржи на 13 септември на Стадионот на АРМ во Градски парк.
„Терорвоид“, организаторот на првиот метал фестивал во Скопје, објави дека ќе настапат шест групи од четири земји. Покрај хедлајнерите од Италија, доаѓаат и еден од водечките регионални блек метал бендови „The Stone“ од Србија и „Bio-Cancer“ од Грција, а домашната сцена ќе ја претставуваат „Шок труперс“, „Примитив дред“ и „Карма скејл“.
Картите се веќе пуштени во продажба: до 7 март чинат 1.000 денари, по што ќе поскапат на 1.300 денари, а на денот на фестивалот ќе бидат 1.600 денари.
(Фото: Фејсбук)