БИЈОНСЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПРВ КАНТРИ АЛБУМ, ГЛАВНАТА ПОРАКА Е ЗА ЌЕРКА Ѝ, КОЈА ГОСТУВА НА ЕДНА ПЕСНА

САД, (Би-Би-Си)

Бијонсе денеска го објави својот нов албум „Act II: Cowboy Carter“ и откри со кои музичари соработувала. На албумот се вклучени Пост Малоун, Мајли Сајрус, Доли Партон, Вили Нелсон и шестгодишната ќерка на Бијонсе, Руми Картер.

„Ова не е кантри албум. Ова е албум ‘Бијонсе‘“, рече пејачката.

Албумот содржи дури 27 песни. Нејзината нова музика се прифаќа како кантри и се очекува да донесе новини во жанрот. Критиката му даде извонреди оценки на албумот. Бијонсе кажа дека е возбудена околу самиот проект, кој го следи албумот „Ренесанса“ од 2022 година и доаѓа речиси шест месеци по завршувањето на успешната турнеја.

Гласот на Руми може да се слушне на почетокот на четвртата песна насловена „Заштитник“, во која Бијонсе пее: „Иако знам дека еден ден ќе блеснеш самата, јас ќе бидам твој заштитник“.

(Фото; Гети)