Џеј-Зи и Бијонсе им приредија големо изненадување на своите фанови, кога среде концертот во Лондон објавија дека издале заеднички албум.

Насловени како „Картерс“, двојката премиерно го пушти албумот „Сѐ е љубов“ преку Тајдл, сервисот за стримање во сопственост на Џеј-Зи.

Неговото објавување беше најавено на видео-бимот за време на концертот од нивната заедничка турнеја во „О2 арената“, проследено со порака „излезе нов албум“.

Со албумот со девет песни беа потврдени шпекулациите кои кружеа некое време дека тие работат на заеднички проект. Во ноември минатата година, Џеј-Зи кажа во интервјуто за „Лос Анџелес тајмс“ дека тој и Бијонсе работат на нешто, паралелно со нивните соло-албуми.

„Ја користиме уметноста како терапија. И почнавме заедно да правиме музика“, изјави Џеј-Зи.

„4:44“ на Џеј-Зи беше сфатен како одговор на албумот на Бијонсе „Лимонада“, на којшто таа пее и за негово неверство. На „Сѐ е љубов“ тие потврдуваат дека тогаш биле блиску до развод.

Бијонсе и Џеј-Зи се венчаа во април 2008 година и имаат три деца.