На 27 февруари од 20 часот, во Центарот за култура во Битола, Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт насловен „За Мојата Битола“.
„Ова ќе биде незаборавна вечер исполнета со љубов кон нашиот град, по повод 10-годишнината на ‘Бабам Битола’. Концертот е омаж на убавината, историјата и душата на нашиот сакан град. Ќе уживате во прекрасни песни за Битола, како и рецитали во изведба на битолски уметници“, велат од оркестарот.
Првиот концерт на Битолски камерен оркестар пред повеќе од 10 години, исто така, беше посветен на Битола, и беше со ист наслов „За Моја Битола“. Се одржа во Пациото на Музејот во Битола.
„2024 беше година за паметење со над 30 концерти и настапи низ Македонија и Европа. Гордo ги издвојуваме: ‘Старс симфони’ на градскиот стадион во Битола со повеќе од 4000 посетители, традиционалниот концерт ‘Виена во Битола’ кој е вистински предновогодишен спектакл и гостувањата во Србија, Австрија и Италија“, додаваат од оркестарот со кој диригра Владимир Димовски.