БРИТАНИЈА ЈА ОБЈАВИ ПЕСНАТА ЗА ЕВРОВИЗИЈА, ВЕЌЕ Е МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ЗА ПОБЕДА

Лондон, (Би-Би-Си)

Велика Британија ја објави песната со која оваа година ќе оди на Евровизија. Оли Александер ќе ја претставува Британија, а песната собра повеќе од 100.000 прегледи на Јутјуб во првите пет часа. Се вика „Дизи“ и многумина со нетрпение ја чекаа.

Британија прво застана на второто/третото место во прогнозите за Евровизија, а потоа падна на седмото место. Според реакциите на луѓето на интернет, „Дизи“ може да биде закана за Украина, која важи за фаворит.

Песната ја напиша британскиот продуцент Дени Л. Харл, кој бил инспириран од музиката од 1980-тите. Тој ја опиша песната како „интензивен наплив на емоции“.