Британскиот композитор Роџер Ино ќе одржи концерт со Филхармонијата во Скопје на 23 февруари, за кој аранжманите и оркестрациите ги подготви Џијан Емин. Од Филхармонијата најавуваат дека 63-годишниот Ино премиерно ќе се претстави со нова музика.
„Музичкиот стил на Роџер Ино тешко може да се категоризира. Тој креиера вивидни и емотивни музички пејзажи и вели дека во својата работа го користи креативниот процес на декомпозиција и го расчленува јадрото на музиката до последен атом за да дојде до нејзината суштина“, велат од Филхармонијата.
Првиот албум го објавил во 1983 година заедно со својот славен брат Брајан Ино, по што продолжил активно да снима и да соработува со други познати музичари.