„ЏЕНЕЗИС“ СЕ ОБЕДИНИ ЗА ПРВА ТУРНЕЈА ПО 13 ГОДИНИ ПАУЗА

Лондон, (НМЕ)

Легендарниот британски рок бенд „Џенезис“ се обедини и ќе оди на прва турнеја по 13 години пауза.

Тоа е ново спојување на членовите на класичната постава Мајк Радерфорд, Тони Бенкс и Фил Колинс, кој веќе не е во можност да свири тапани, па на турнејата ќе го менува неговиот син Ник. Во 2018, Колинс изјави дека би се вратил во групата само доколку неговиот син биде на тапани.

Кога сака, Ник може да биде добар исто колку мене. Како негов татко, јас сум едно од неговите влијанија“, вели Колинс, кој се откажа од свирењето поради оштетување на нерви.

Турнејата ќе почне во ноември и засега се предвидени само термини во Велика Британија и Ирска.

Џенезис“, каде што Колинс почна како тапанар, а потоа го замени Питер Габриел и како пејач, опстојуваше од 1967 до 2000 година и потоа се собра за светска турнеја по повод 40-годишнината од групата.