ЏЕЗ ВЕТЕРАНИТЕ „СЕТСТЕТ“ ГО ОБЈАВИЈА 10. СТУДИСКИ АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Најреномираниот и најпродуктивен македонски џез состав „Сетстет“ го објави својот десетти студиски албум, насловен „Соба 107“. Албумот содржи шест композиции и е издаден под етикетата на „Пи-Ем-Џи џез“, а неодамна беше и концертно промовиран во рамките на фестивалот „Крај Вардарот џез“, на кој групата одбележа три децении работа.

Покрај стандардните членови Владан Дробицки (тромбон), Павел Дробицки (бас гитара), Панче Бујуклиев (клавијатури), Гоце Наумов (тапани) и Васко Бојаџиски (саксофон), на албумот гостуваат и Филип Букршлиев (гитара), Александар Златески (труба), Глигор Кондовски (виолина), Мицко Дамњановски (туба) и Мирко Попов (семплови).

Соба 107“ следува три години по „IX9“, а во меѓувреме беше објавен и „White Night LIVE“.