„Кантон6“ и Глигор Кондовски ќе настапат утре во кафе книжарницата „Буква“ во Скопје во рамките на проектот „Џез во Центарот“. Свирката почнува во 21 часот, а влезот е бесплатен. Проектот го реализира „ПМГ рекордингс 2.0“, со поддршка на Општина Центар.
„Кантон6“ е инди-техно-рок проект на Мирко Попов и Синиша Евтимов, кој досега има објавено четири албуми и бројни синглови и миниизданија. Од 2019, бендот работи како трио откако му се придружи џез музичарот Владан Дробицки.
Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и професор по виолина, кој има издадено шест албуми со амбиентална џез музика.