ДРАМ ЕНД БЕЈС ДУОТО „ЧЕЈС ЕНД СТАТУС“ Е ПРВОТО ИМЕ НА 21. ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пасворд продукција“ почна да ги открива имињата на учесниците на 21. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“.

Првото потврдено име е британското електронско дуо „Чејс енд Статус“, со што и оваа година на фестивалот ќе има моќни звуци на драм енд бејс, по ланското гостување на „Пендулум“.

Чејс енд Статус“ е дуо од Лондон основано во 2003, кое годинава го издаде својот петти студиски албум. На неговите песни често гостуваат познати имиња од светската хип хоп сцена, што му донесе неколку високи пласмани на британската топ-листа.