Вечерва во 21 часот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи електроакустичен концерт на платото пред Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, со дела на германскиот композитор Макс Рихтер и на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.
„Публиката ќе биде во ограничен број. Концертот ќе се следи на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство“, најавува МКЦ.