Скопското дуо „Ин д муд“ ќе настапи на шестото издание на најголемиот блуз фестивал во Хрватска, Thrill Blues Festival, кој се одржува во гратчето Триљ близу Сплит. Фестивалот ќе трае од 30 јуни до 2 јули.
Како главните ѕвезди на фестивалот се најавени американскиот гитарист и композитор Робен Форд и „принцезата на госпел блузот“ Шери Вилијамс.
„Ин д муд“ е најактивниот македонски блуз бенд, чија основа веќе 14 години ја сочинуваат Никола Џими Петровски и Сашо Ѓорѓиевски. По стотици клупски свирки, лани го снимија и својот прв авторски материјал.
(Фото: Фејсбук)