ЕЛТОН ЏОН ГО ОДРЖА ПОСЛЕДНИОТ КОНЦЕРТ ВО 52-ГОДИШНАТА КАРИЕРА

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Елтон Џон им порача на милиони свои фанови дека засекогаш ќе останат во неговите глава, срце и душа откако ја заклучи маратонската проштална турнеја со концерт во Стокхолм. Седумдесет и шестгодишниот пејач одржа речиси 4.600 концерти низ светот во повеќе од 50-годишната кариера.

Настапите за вас ми даваа живот, бевте апсолутно величествени“, кажа Џон во арената „Теле2“.

Тој ја почна прошталната турнеја во Северна Америка во 2018, настапувајќи пред шест милиони фанови додека го обиколуваше светот. Магазинот „Билборд“ процени дека ова е првата турнеја која донесе приход од 900 милиони долари од продажбата на карти.

Џон потврди дека веќе никогаш нема да оди на турнеја, иако би можел да има поединечни настапи.

Ова беа 52 години вистинска радост. Но, сега сакам повеќе да ги ценам моето семејство, моите деца, сопругот, сѐ. Сум го заслужил тоа“, кажа Џон.