Младата пејачка Мартија Станојковиќ од Куманово ја објави новата песна „Феномен“ на музичките платформи и на социјалните мрежи. Таа соработуваше со еден од нашите најангажирани музички продуценти Лазар Цветкоски, а текстот го напиша неговата сестра Ена Цветкоска.
„Ме радува што читам позитивни коментари и што постојано добивам пораки од луѓето дека им се допаѓа песната“, рече младата пејачка.
Мартија сними и видеоспот со режисерот Ризи Рејн, со кого соработуваше и на претходната песна.