На 4 и на 5 јуни од 19 часот во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје ќе се одржи фестивал за мјузикл за деца и млади, кој го организира Детскиот културен центар „Карпош“.
Фестивалот започнува на 4 јуни со „Приказната за генијалната Матилда“ на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјзуикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје. На 5 јуни фестивалот продолжува со мјузиклот „Кралот Лав“ од Интернационалното училиште QSI од Скопје.
„Веруваме дека овој фестивал ќе расте од година во година и ќе прерасне во меѓународен настан,“ изјави директорката на ДКЦ Карпош д-р Билјана Лалчевска Серафимовска. Онлајн билетите се продаваат на веб-страницата на МКЦ.