Бразилката Дилон и британскиот состав „Фуџија енд Мијаги“ се две нови имиња на листата учесници на деветтото издание на фестивалот „Здраво млади“. Тој ќе се одржи на 31 август и тоа на нова, но, сепак, блиска локација: паркот зад Младински културен центар во Скопје.

„Фуџија енд Мијаги“ веќе има гостувано во Скопје, а сега доаѓа да го промовира својот осми студиски албум, но и да ја одбележи 20-годишнината од постоењето.

Иако потекнува од Бразил, Дилон живее и твори во Германија. Нејзината музика може да се опише како електропоп, со акцент на елегичниот вокал.

Меѓу претходно најавените учесници на „Здраво млади 9“ се и „Ниплпипл“ и „Свемирко“ од Хрватска, „Оперејторс“ од Канада, „Муеран хуманос“ од „Аргентина“, како и неколкумина диџеи од Берлин.