Новиот филмски хит на режисерот Квентин Тарантино, „Беше еднаш во…Холивуд“, во Скопје ќе игра од 15 август. Филмот со Бред Пит и Леонардо ДиКаприо во главните улоги ќе се прикажува во Синеплекс и во Милениум.

Филмот имаше светска премиера на Канскиот филмски фестивал, а во американските кина почна да игра на 26 јули и во првиот викенд заработи 40 милиони долари.

ДиКаприо глуми актер во вестерн филмови, нервозен што неговата слава опаѓа, додека Пит е неговиот дублер, пријател и возач. Иако сместен во позадината на убиствата на кланот на Менсон, целта на Тарантино е да го долови сјајот на Холивуд од неговото златно време.

Холивудските медиуми засега имаат пофални рецензии и високи оценки за деветтиот и, најверојатно, претпоследен филм на Тарантино.