ФИЛХАРМОНИЈАТА ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА НА 6 ОКТОМВРИ СО ДЕЛА ОД МОЦАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со четири дела од Моцарт се отвора новата сезона концерти во Филхармонијата, која ќе биде насловена „Дамар на слободата“. Концертот „Зорнина“ е закажан за 6 октомври, кога за првпат во една вечер ќе се изведат три клавирски концерти од Моцарт, со кои ќе диригира Исланѓанецот Гудни Емилсон, а како солисти ќе гостуваат пијанистите Алексеј Володин (Русија/Шпанија) и Едит Пења (Венецуела/Шпанија).

„Секоја концертна сезона има ново име, оваа ја насловивме ‘Дамар на слободата‘. Насловот произлезе од слободата што ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и од слободата во музиката, изразот, живеењето“, кажа директорката на Филхармонијата, Тина Иванова.

Меѓу настаните од новата сезона што ги најави Филхармонијата е и „Омаж за маестро Александар Џамбазов“.

(Фото: Фејсбук)