ФРАНЦУСКАТА ПИЈАНИСТКА СОФИЈА ВАЈАН НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

На Охридско лето вечерва (16 август) од 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе настапи француската пијанистка Софија Вајан. Нејзиниот концерт е во рамките на традиционалната француска вечер на фестивалот, што се одржува со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт од Скопје.

Вајан дипломирала со највисоки оценки на Конзерваториумот во Лион и продолжила да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон, каде што магистрирала.

Репертоарот на Вајан е широк и содржи дела од барокниот период до дела на современи композитори, со особен акцент на новата француска композиторска школа.