Фронтменот на „Суперхикс“, Петар Младеновски, промовираше нова група, објавувајќи го првиот сингл во панк рок манир, насловен „Земја на еден жител“.
„Педро хорисонте“ е трио, во кое, покрај Младеновски, членуваат и гитаристот Гога Поп Георгиевски и бившиот тапанар на „Ај Кју“, Иво Митковски, сите тројца со долг стаж на домашната музичка сцена.
Иако за проектот првпат се дозна пред само неколку дена, Младеновски вели дека идејата се развивала речиси две години и дека ова е само почеток.
„Снимени се уште неколку песни, а наскоро излегува и албум“, вели Пеце.
Г. КОНЕВ