Пробиштип денеска (16 мај) ќе го организира првото издание на панк-рок фестивалот „Хаос фест“, со учество на пет домашни бенда. Настанот ќе се одржи во клубот „Бункер“, а свирките почнуваат во 18 часот.
На првото издание ќе настапат „Сајд квест“ од Прилеп, „Прв ред“ од Пробиштип и скопските групи „Флукс“ (фото), „Лоши деца“ и „Дископс“. Влезот е 500 денари.
Пробиштип исто така е домаќин на метал и рок фестивалот „Рудар фест“, чие 12. издание е закажано за 29 август. Имињата на учесниците ќе се објавуваат во следниот период.
(Фото: Фејсбук)